ФАТМИР БЕСИМИ
Министер за одбрана на
Република Македонија

Говори | Интервјуа
Биографија | Галерија

 

 


Трага: СВЕТЛИНА 10

СВЕТЛИНА 10

  


Соопштенија12:13 - петок, 28 мај 2010

Во рамките на меѓународната вежба ,,Светлина 10“ во текот на вчерашниот ден започна реконструкција на објект во селото Црвени Брегови кај Неготино. Реконструкцијата опфаќа изградба на ново игралиште за кошарка, како и на дел од дворот на основното училиште во селото Црвени Брегови. Овој проект самостојно го изработија студентите од државните колеџи и универзитети на САД и од Република Македонија кои како учесници на вежбата ги изведуваат и градежните работи. Трошоците за финансирање и набавка на материјалите и средствата за работа се на товар на Владата на...


Соопштенија13:31 - среда, 26 мај 2010

Вчера, во текот на попладневните часови, учесниците на меѓународната вежба ,,Светлина 10“ започнаа изведување на нова фаза на вежбата со која беше формиран ,,камп за бегалци “ како потреба за раселените лица од катастрофалниот земјотрес. Така, во кампот кој функционираше во текот на ноќта, се до денес попладне, во пракса се применуваат нормите од Женевската конвенција за прифат, сместување и соодветен третман на раселени лица.

Паралелно со вежбата за постапка со раселени лица, беше изведена и показна вежба за воде...


Соопштенија16:17 - вторник, 25 мај 2010

Денес, во рамките на меѓународната вежба ,,Светлина 10“, на армискиот полигон (АП) ,,Криволак“ во секторот ,,Мушанци“се изведе вежбовна целина на која беа прикажани процедури и постапки за реакција во услови на земјотрес. Учесниците на вежбата: студентите од од Институтот за одбранбени и мировни студии при Универзитетот ,,Кирил и Методиј“ од Скопје, заедно со нивните колеги од државните колеџи и универзитети од САД (Воениот колеџ од Њујорк, Цитадела од Јужна Каролина, Државниот колеџ Индијан Ривер од Форт Пирс-Флорида и универзитетите од ...


Соопштенија20:46 - недела, 23 мај 2010

На 25 мај (вторник) со почеток во 10.30 часот, во рамките на меѓународната вежба ,,Светлина 10“, на армискиот полигон (АП) ,,Криволак“ во секторот ,,Мушанци“ ќе се изведе вежбовна целина со сценарио за реакција во услови на земјотрес.

Според сценариото учесниците на ,,Светлина 10“ во вторник ќе работат во услови на кризна состојба предизвикана како последица на силен земјотрес во измислената земја Атлантика. Првите проценки од страна на меѓународните хуманитарни организации кои се наоѓаат во Атлантика у...