ФАТМИР БЕСИМИ
Министер за одбрана на
Република Македонија

Говори | Интервјуа
Биографија | Галерија

 

 


Учество на свеченост за 20 години независност на РМ

10:00 - сре., 07.09.2011

 

На Централната свеченост по повод одбележувањето на 20 години од независноста на Република Македонија, што ќе се одржи утре во Скопје, Армијата на Република Македонија ќе учествува со околу осумстотини припадници од повеќе единици. Согласно програмата, на свеченото дефиле, кое ќе се одвива пред Собранието на Република Македонија, АРМ ќе биде претставена со осум ешелони по следниов редослед:

- знаменски вод од составот на баталјонот за почести и опслужување (гарда), кој ќе го носи знамето на Генералштабот на АРМ;
- два ешелони од составот на Првата механизирана пешадиска бригада;
- два ешелони од составот на Втората механизирана пешадиска бригада;
- два ешелони од составот на Полкот за специјални операции (баталјон за специјални намени ,,Волци“ и ренџерски баталјон) и
- еден ешелон од баталјонот за Воена полиција.

Пред почетокот на свеченото дефиле, маршрутата предвидена за дефилето ќе биде надлетана од три борбени хеликоптери Ми-24 од составот на воздухопловниот ВИНГ на АРМ, а за време на дефилето, како и на останатиот дел од свеченоста, ќе биде ангажиран Воениот оркестар.

Покрај ова, еден почесен вод од баталјонот за почести и опслужување ќе ја носи Декларацијата за независност кон музејот на Внатрешната македонска револуционерна организација и музејот на жртвите на комунистичкиот режим, каде според програмата на свеченоста, со еден вод на АРМ ќе се изврши почесна стрелба во чест на сите херои кои своите животи ги положиле за Македонија, додека по полагањето на Декларацијата во музејот, од Скопското Кале ќе бидат испукани 10 плотуни од 12 артилериски орудиа.