ФАТМИР БЕСИМИ
Министер за одбрана на
Република Македонија

Говори | Интервјуа
Биографија | Галерија

 

 


Министерот за одбрана Фатмир Бесими одржа работен состанок со Асоцијацијата на одбранбените аташе на земјите на НАТО во Р. Македонија

14:31 - сре., 28.09.2011

 

Во духот на зголемување на транспарентноста на работењето на Министерството за одбрана како и во насока на подготовка за претстојниот состанок на Северно Атлантскиот Совет (NAC) со не НАТО конституторите во мисијата ИСАФ кој ќе се одржи во Брисел на ниво на министри за одбрана, министерот за одбрана Фатмир Бесими денеска одржа работна средба со Асоцијацијата на одбранбените аташе на земјите на НАТО во Република Македонија. На состанокот беа презентирани Извештајот за напредокот на Р. Македонија во Акциониот план за членство 2010-2011, Предлог Годишната Национална Програма за членство на Р. Македонија во НАТО 2011-2012 и предлог Буџет на Министерството за одбрана за 2012 година.

По наведените теми од страна на Одбранбените аташеи на земјите членки на НАТО, акредитирани во Р. Македонија, претставниците на НАТО Штабот во Скопје и БАХ советодавниот тим, беа потенцирани достигнувањата на полето на одбраната - придонесот во меѓународните операции, одбранбените реформи како и амбициите на министерството за одбрана и АРМ според Долгорочниот План за Развој на Одбраната 2011-2020 година.

Воедно беа дадени конструктивни сугестии по однос на Предлогот на Годишната Национална Програма за членство на Р. Македонија во НАТО: 2011-2012 година.
По основ на Буџетот на минситерствот за одбрана за 2012 година присутните беа информирани за Предлогот на министертсвото кој е базиран врз основа на проекциите во Долгорочниот План за Развој на Одбраната за 2012 година. Со истиот се планирани повеќе средства за опремување и модернизација од минатогодишниот буџет.