Министерот за одбрана на Фатмир Бесими во рамките на двоневната посета на седиштето на НАТО алијансата во Брисел, денеска оствари билатерална средба со помошник генералниот секретар за јавна дипломатија Колинда Грабер Китаровиќ. На средбата се разговарало за напредокот на Република Македонија за влез во НАТО, како и за придонесот во мисиите во кои учествуваат воници на АРМ за зачувување на светскиот мир, информираат од Македонската делегација. Помошник генералниот секретар за јавна дипломатија Грабер Китаровиќ ги поздрави реформите во армијата и придонесот на нашите мировни мисии. Министерот за одбрана Бесими утре ќе се сретне со својот норвешки колега, министерката Грете Фаремо, како и со адмиралот Џејмс Старвидис. извор МИА |