Денес, во просториите на Министерството за одбрана на Република Македонија се реализираше средба меѓу министерот за одбрана на РМ, г-дин Фатмир Бесими и Амбасадорот на Словенија во РМ, Н.Е Алан Бергант. За време на средбата од страна на министерот Бесими беше упатена голема благодарност за огромната поддршка на Словенија како и задоволство од досегашната одлична билатерална одбранбена соработка. Во тој контекст Министерот Бесими упати на што позасилена соработка и изнаоѓање на идни проекти од заеднички интерес особено на полето на едукацијата, обуката и размена на мислења за новитетите во одбранбениот систем. Истовремно тој го изрази задоволството од претстојната посета на НГШ на Словенија, напоменувајќи при тоа дека истата ќе биде добра можност за продуцирање на дополнителни моменти на соработка помеѓу двете министерства и армии напомеувајќи при тоа дека одличната армиска соработка ќе ја потврдиме и на претстојната билатерална воена вежба „Предизвик 2011„ која ќе се реализира на АП Криволак. Амбасадорот Берган споделувајќи го задоволството од досегашната соработка изрази уверување дека Словенија секогаш ќе биде отворена за помош и соработка во сите сфери на општественото живеење особено во делот на одбраната. |