ФАТМИР БЕСИМИ
Министер за одбрана на
Република Македонија

Говори | Интервјуа
Биографија | Галерија

 

 


Посета на Началникот на ГШ на ВС на Република Словенија генерал-мајор Алојз Штеинер

13:13 - пет., 23.09.2011

На 26 септември (понеделник) во дводневна официјална посета на Република Македонија и АРМ ќе претстојува висока делегација на Вооружените сили (ВС) на Република Словенија, предводена од Началникот на ГШ на ВС на Република Словенија генерал-мајор Алојз Штеинер. Делегацијата во ГШ на АРМ ќе биде пречекана со високи воени почести, каде домаќин ќе биде Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески.

Пред делегацијата од Република Словенија ќе биде презентирана трансформацијата на АРМ, новата структура на силите и искуствата од учеството во мисиите надвор од Република Македонија. На средбата, покрај развојот на билатералната соработка помеѓу двете армии, се очекува да се разговара за искуствата на Словенечката армија во изградбата на капацитетите и оценувањето на декларираните сили.

За време на престојот во ГШ на АРМ, генералот Штеинер ќе се сретне со Министерот за одбрана Фатмир Бесими, а во текот на првиот ден од посетата, предвидено е да биде примен и од Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.

АРМ со ВС на Република Словенија има развиено одлична билатерална воена соработка, која се одвива на повеќе полиња како што се: образованието, обуката, вежбите, воената логистика и друго. Во прилог на тоа говори и одржувањето на билатералната воена вежба ,,Предизвик 2011“ која од утре официјално започнува на Армискиот полигон (АП) ,,Криволак“, на која се очекува припадниците на АРМ и ВС на Република Македонија да демонстрираат висок степен на обученост и извежбаност во гаѓање на цели во воздушен простор со ракетниот систем ,,ИГЛА“, гаѓање на цели на земја со борбени авиони и хеликоптери, како и контрола на воздушниот простор.

Согласно агендата и протоколот, посетата на генералот Штеинер, ќе се одвива по следното:

- Свечена церемонија со почести за дочек на платото пред МО и ГШ на АРМ во 10.50 часот;
- Средба со НГШ и претставници од ГШ на АРМ во кожна сала во 11.05 часот;
- Изјави за медиумите на генералите Котески и Штеинер во холот на МО во 12.00 часот;
- Средба со министерот за одбрана во 12.15 часот.

Се покануваат: новинари, сниматели и фоторепортери, да присуствуваат и да известуваат за настанот.