ФАТМИР БЕСИМИ
Министер за одбрана на
Република Македонија

Говори | Интервјуа
Биографија | Галерија

 

 


Неформален состанок на министрите за одбрана на ЕУ, 22-23 септември 2011, Вроцлав, Полска и на маргините на состанокот работен ручек/брифинг за европските НАТО членки кои не се членки на ЕУ и земјите кандидати за членство, одржан на 23 септември

13:26 - пон., 26.09.2011

На 22-23 септември во Вроцлав, Полска, земја актуелен претседавач со Европската Унија, се одржа Неформален состанок на министрите за одбрана на Европската Унија. Со неформалниот состанок во име на Високиот претставник на ЕУ (ВП) Catherine Ashton, која учествуваше на Генералното собрание на ОН, претседаваше министерот за одбрана на Полска, Tomasz Siemoniak.

На 23 септември во Вроцлав на маргините на Неформалниот состанок на МО на ЕУ се одржа работен ручек-брифинг за земјите кандидати за членство и европските НАТО членки кои не се членки на ЕУ, со кој претседаваа министерот за одбрана на Полска, Tomasz Siemoniak и амбасадорот Maciej Popowski, Заменик генерален секретар на Европската служба за надворешна акција. На работниот ручек-брифинг учествуваа Македонија, Хрватска, Црна Гора, Исланд, Норвешка, Турција и Албанија, земји кои не се полноправни членки на ЕУ, односно или се европски НАТО членки кои не се членки на ЕУ или се земји кандидати за членство. Тие беа информирани за актуелните теми од одржаниот Неформален состанок на министрите за одбрана на ЕУ, како што се:

- тековните операции предводени од ЕУ: Аталанта, Сомалија и Алтеа;
- перспективите за можната операција на ЕУ во Либија;
- развојот на воените и цивилните оперативни капацитети на ЕУ (вклучувајќи ги иницијативите на земјите членки на ЕУ во областа на ЗБОП, групирање и споделување на напорите -Pooling & Sharing)
- односи и соработка на ЕУ со НАТО и ОН, како и со Источното партнерство.

Делегацијата на Република Македонија ја предводеше заменикот министер за одбрана Емил Димитриев кој информираше за прогресот на Република Македонија во делот на Заедничката безбедносна и одбранбена политика (ЗБОП) во рамките на севкупните евроинтегративни напори на земјата. Во своето обраќање ЗМО Димитриев го поздрави стремежот на земјите членки на ЕУ за продолжување на проширувањето и интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ и го истакна следното:

- дека Република Македонија во септември 2011 беше домаќин на Висока конференција за Европската безбедносна политика;
- поддршка на операциите на ЕУ во однос на глобалниот мир и стабилност;
- нашиот континуиран придонес во ЕУФОР Алтеа;
- заложбата на Република Македонија за рамноправно учество и поддршка на ЗБОП.
- развојот на воените и цивилните оперативни капацитети на ЕУ (вклучувајќи ги иницијативите на земјите членки на ЕУ во областа на ЗБОП, групирање и споделување на напорите -Pooling & Sharing)
- односи и соработка на ЕУ со НАТО и ОН, како и со Источното партнерство.

Заменик министерот во своето обраќање истакна: „Република Македонија заложбата за рамноправно учество и поддршка на Заедничката безбедносна и одбранбена политика на ЕУ ја потврдува и со учеството во ЕУ БГ во втората половина на 2012 година. Со влегувањето на ЗБОП во втората декада, глобалните и внатрешните предизвици се поголеми од кога и да е. Новите алатки формирани со Лисабонскиот договор, создаваат можности за искористување на целосниот потенцијал на соработка во областа на ЗБОП. На крајот би сакал да изразам благодарност до домаќинот, министерот за национална одбрана на Полска (г-дин Tomasz Siemoniak), за успешната организација на овој настан, како и посебна благодарност за поддршката од страна на Полска на нашиот пат кон ЕУ која ја демонстрира организирајќи во Република Македонија за време на своето претседавање со ЕУ значаен министерски форум.“