ФАТМИР БЕСИМИ
Министер за одбрана на
Република Македонија

Говори | Интервјуа
Биографија | Галерија

 

 


Ден за високи гости на вежбата „Предизвик 2011“

10:33 - сре., 28.09.2011

 

Утре, 29-ти септември 2011 година (четврток), на Армискиот полигон (АП) ,,Криволак“ со почеток во 10.00 часот, ќе се одржи ден за високи гости во рамките на билатералната воена вежба ,,Предизвик 2011“ на која од 24-ти септември учествуваат припадниците на АРМ и Вооружените сили (ВС) на Република Словенија. На денот за високи гости ќе присуствуваат: Министерот за одбрана Фатмир Бесими, Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, Заменик командантот на Здружената оперативна команда на АРМ бригаден генерал Киро Галазовски, Началникот на штабот на Командата на силите на ВС на Република Словенија бригаден генерал Војтех Михевц, високи претставници од МО и ГШ на АРМ, претставници од НАТО советодавниот тим и Буз Ален Хамилтон, воените аташеи акредитирани во Република Македонија и други гости.

Утре на АП ,,Криволак“ својата врвна обученост ќе ја прикажат припадниците на баталјонот за противвоздушна одбрана (ПВО) и воздухопловниот ВИНГ на АРМ заедно со припадниците на бригадата за воено воздухопловство (ВВ) и ПВО на ВС на Република Словенија, кои ќе изведат: гаѓање на цели во воздушниот простор со лесен преносен ракетен систем ,,Игла“, бомбардирање со борбени авиони PC-9M и ракетирање со борбени хеликоптери Ми-24.

Вежбата ,,Предизвик 2011“ е трета по ред од ваков вид која на АП ,,Криволак“ заедно ја изведуваат припадниците на АРМ и ВС на Република Словенија, што придонесе на последната вежба која се изведуваше деновиве да се реализираат и сложени гаѓања со борбени авиони, ракетни системи за ПВО и борбени хеликоптери, обука на тренажери, но и за прв пат заедничка обука за контрола на воздушниот простор и наведување. Успешното завршување на вежбата ,,Предизвик 2011“ и совладувањето на специјалистичката обука со нови содржини, во многу ќе придонесе за зголемување на борбената готовност, оперативната способност, како и интероперативноста на баталјонот за ПВО и воздухопловниот ВИНГ на АРМ. Заокружувањето на овој проект претставува уште еден силен импулс кон јакнењето на билатералната воена соработка на АРМ со ВС на Република Словенија, но и најдобар начин за промоција на можностите и капацитетите на АП ,,Криволак“ пред останатите армии-членки на НАТО.

Се покануваат новинари, сниматели и фоторепортери, да присуствуваат и да известуваат за настанот. За таа прилика ГШ на АРМ на 29 септември обезбеди организиран превоз до АП ,,Криволак“ со поаѓање во 08.00 часот, пред зградата на МО и ГШ на АРМ. Претставниците на медиумите кои имаат намера да пристигнат со сопствени моторни возила, потребно е да бидат на влезот во АП ,,Криволак“ најдоцна до 09.15 часот.