Во рамките на СЕДМ министерскиот состанок министерот за одбрана на Р. Македонија Фатмир Бесими оствари билатерални средби со заменик помошникот државен секретар на САД Селесте Валандер и со министрите за одбрана на Република Грција и Србија, Турција и Црна Гора На средбата со заменик помошникот државен секретар на САД Селесте Валандер се разговараше за регионалната соработка во рамките на СЕДМ иницијативата, како и поддршката од страна САД во процесот на евро атланските интеграции на Република Македонија при што Валендер укажа на значењето за решавање на прашањето на името со цел за полноправно членство на Р. Македонија во НАТО. Притоа, министерот Бесими истакна дека за Македонија е значајно одржувањето и унапредувањето на партнерските односи со САД, кое е утврдено со Декларацијата за стратешко партнерство потпишана во мај 2008 година, со која цврсто се афирмира посветеноста за понатамошната меѓусебна соработка. Исто така, на средбата се разговараше и за подготовките и темите во врска со претстојните Билатерални консултации во Вашинтон. За време на билатералната средба со министерот за одбрана на Република Грција, Беглитис Панајотис, министерот Бесими истакна дека Република Македонија е определена да гради добрососедски односи со сите земји од регионот, вклучувајќи ја и Република Грција. Тој го потенцираше значењето од јакнење на билатералната соработка помеѓу двете земји, особено во делот на одбраната, како и регионалната соработка и взаемната поддршка во однос на евроатланските интеграции како придонес кон стабилноста и развојот на регионот. Министерот Бесими посебно го потенцираше значењето на билатералните консултации со Грција со министерството за одбрана на Р. Грција, кои ќе се одржат во декември годинава. Во ова прилика двајцата министри се договорија да се сретнат во Атина за време на билатералните консултации помеѓу двете министерства. На средбата со министерот за одбрана на Република Србија Драган Шутановац, беше разговарано за темите поврзани со стабилноста во регионот, при што е констатирано дека билатералната соработка е одлична со можност за понатамошно интензивирање на истата во иднина. На маргините на СЕДМ министерскиот состанок , министерот Бесими оствари билатерални средби и со министрите за одбрана на Република Турција, Исмет Јилмаз и на Црна Гора, Боро Вучиниќ, како и заменик министерот за одбрана на Р. Албанија Аријан Старова на којшто беше потенцирано одличната билатерална соработка во областа на одбраната, како и регоналната соработка во рамките на СЕДМ иницијативата. Заеднички е констатирано средбите во рамките на СЕДМ на министерство ниво преставуваат дополнителен импулс кон понатамошното зајакнување на соработката на полето на одбраната и безбедноста во регионот. |