ФАТМИР БЕСИМИ
Министер за одбрана на
Република Македонија

Говори | Интервјуа
Биографија | Галерија

 

 


Бесими на состанок на министри за одбрана од СЕДМ процесот во Анталија

11:57 - пон., 03.10.2011

 

Министерот за одбрана на Република Македонија Фатмир Бесими денеска учествува на годишниот состанок на министрите за одбрана на земјите од Југоисточна Европа, членки на СЕДМ процесот, што се одржува во Анталија, Турција.

Целта на годишниот состанок, соопшти денеска Министерството за одбрана, е утврдување на минатогодишните активности, како и потврда за промовирање на мирот, стабилноста и безбедноста во Југоисточна Европа и пошироко, интеграција на регионот во евро-атлантските структури, како и зголемување на соработката.

Министерот Бесими во своето обраќање го истакна значењето на СЕДМ иницијативата во остварување на нејзината цел за обезбедување стабилност во регионот, зајакнување на довербата, меѓусебната соработка и унапредување на процесот на евроатланските интеграции на земјите од регионот што е од исклучителна важност за стабилноста и одржливиот мир и развој.

Македонскиот министер за одбрана ја нагласил определбата на Република Македонија за поддршка и активно учество во оваа иницијатива, нагласувајќи ги четирите принципи на нејзиното функционирање: продлабочување на регионална соработка, политика на отворени врати, взаемен дијалог на земјите членки на инцијативата и ефикасно искористување на расположливите ресурси, како и интероперабилност за успешно остварување на целите на СЕДМ иницијативата.

Во рамки на состанокот во Анталија, Бесими ќе го афирмира придонесот на Република Македонија во процесот и воедно ќе оствари повеќе билатерални средби со министри за одбрана од СЕДМ земјите членки и земјите набљудувачи. Како што е најавено на состанокот во Анталија министрите за одбрана ќе разговараат и за понатамошно градење, развој и користење на капацитетите и идните ангажмани на СЕЕБРИГ бригадата, при што ќе биде одобрен и годишниот план за 2012 година за вежби, патувања и обука и буџет на Бригадата за 2012 година

извор МИА