ФАТМИР БЕСИМИ
Министер за одбрана на
Република Македонија

Говори | Интервјуа
Биографија | Галерија

 

 


МИНИСТЕРОТ БЕСИМИ И НАЧАЛНИКОТ НА ГШ НА АРМ КОТЕСКИ ВО ПОСЕТА НА МАКЕДОНСКИОТ КОНТИНГЕНТ ВО АВГАНИСТАН

11:50 - вт., 11.10.2011

 

Македонскиот министер за одбрана Фатмир Бесими заедно со началникот на Генералштабот на АРМ, Горанчо Котески денеска пристигнаа во Кабул, Авганистан, јави специјалниот известувач на МИА.

Посетата е по повод државниот празник 11 октомври, 20 години од осамостување на Република Македонија, 10-годишнината од Охридскиот рамковен договор.

Бесими истакна дека е е задоволен и горд што на денешните средби со комндантот на ИСАФ, генерал Џон Ален, со заменикот на цивилиниот претставник на НАТО во Авганистан, Ендру Стенфилд и со командантот на регионалната команда Вејси Сунал слушнал најдобри зборови за претставниците на македонската армија.

- На денешниот состанок со генерал Алан разговаравме и за идната соработка и за понатамошната поддршка и преку ИСАФ мисијата за обезбедиме стабилен мир во Авганистан, како и за нови форми на поддршка на НАТО и на Македонија, наведе македонскиот министер за одбрана.

Бесими истакна дека македонските војници ќе бидат вклучени и во нови форми на поддршка пред се во обуки и треннизи „со цел да го дадеме нашиот придонесе за она што е стратешка определба на Република Македонија - придонес кон глобалниот мир“.

- Македонија заедно и подеднакво со сите други земји-членки на НАТО го дава својот придонес за мирот и стабилноста во светот. Македонија ги исполнува стандардите за да стане членка на НАТО, посочи Бесими.

Началникот на Генералштабот на АРМ, Котески чеситајќи им го денешниот празник 11 октомври на македонските војници истакна оти верува дека успешно ќе ја завршат својата мисија.

- Врз база на моите согледувања и со разговорите што денеска ги имавме со високите претставници на НАТО давам оценка дека македонските војници успешно ја обезбедуваат ИСАФ базата во Кабул. Психофизичката и здравената состојба на нашите војници е добро и успешно ќе ги извршат редовните и борбените задачи, наведе Котески.

Командантот на ИСАФ, генерал Ален наведе дека ги цени и е среќен што македонските мировници се дел од ИСАФ.

- По 13 септември се уверивме дека македонската армија стои рамо до рамо со големите сили. Македонските војници се важен дел од ИСАФ и се одлични и храбри војници. Горд сум на нив, денот ми почнува ракувајќи се со македонски војници, а исто така и ми завршува. Тие добро ја претставуваат својата земја, истакна Алан.
 

извор МИА