Трага: Министерство>Министер
ФАТМИР БЕСИМИ
|
![]() | ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ Дата на раѓање: 18 ноември 1975 Место на раѓање: Тетово Државјанство: Р. Македонија Брачeн статус: Оженет, една ќерка Јазици: албански (мајчин јазик), англиски (одлично), македонски (одлично), хрватски (многу добро) |
ОБРАЗОВАНИЕ:
• Доктор по економски науки на Универзитетот Стафордшир, Стоук-он-трент, Обединето Кралство.
Истражувачка теза: „Монетарна и девизна политика во Македонија-пристапување кон Европската Унија“, (2000-2007)
• Економски факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Скопје, РМ. Насока економија, отсек за финасии и банкарство, (1994-1998)
• Средно образование во Гимназија Кирил Пејчиновиќ, Тетово, РМ (1990-1994)
• Основно образование во основното училиште Истикбал, Тетово, РМ (1982-1990)
НАГРАДИ:
• Почесен член на „Млади глобални лидери за 2010“, Светски економски форум, избран во групата од 197 почесни членови од 5000 номинирани лица во светот, (Март 2010)
• Член на „Идни лидери на Европа“ за 2010, Think young, Think Tank (политички институт), Брисел ЕУ (јуни 2010)
ПРОФЕСИОНАЛНИ КУРСЕВИ И ОБУКИ:
• Работилница за предизвиците за супервизори за студенти на доксотрски студии, Универзитет Стафордшир, ОК, Приштина, април 2011
• Работилница за менторство на студенти на докторски студии согласно Новите докторските програми , Универзитетот Стафордшир, ОК, Тирана, април 2010
• Глобално лидерство и јавна политика за 21-от век, извршна образовна програма, Kennedy school of Government, Универзитет Харвард, Кембриџ, МА, САД (во соработка со светскиот економски форум, Форум на млади глобални лидери), 21-31март 2010
• Лидерска програма за одржлив развој, Светска Банка & Кембриџ Универзитет& PricewaterhouseCoopers, Кембриџ, ОК, , 2-7 ноември 2008
• Анализа на исплатливост на трошоци, Светска Банка, Вашингтон, април 2009
• Политики за трговија и конкурентност, Светска Банка, Вашингтон, април 2009
• Работилница за надзор на докторски студии, Универзитет Стафордшир, Пеја, март 2008
• Курсеви за економски раст, Светска Банка, Виена, февруари 2008
• Работилница за Основи на банкарските операции, Светска Банка, Истанбул, октомври 2008
• Основи на банкарски операции-електронски курсеви, Светска Банка, октомври 2007
• Економски раст-ирско искуство, Даблин, 2006
• Економетриски моделирања-симулации, јуни 2002 (експерти од канадска централна банка)
• Економетриски моделирања-економетриски аспекти, декември 2001, Скопје (експерти од Државни резерви, САД)
• Надзор на централна банка врз финансиските пазари, септември 2001, банка за меѓународни спогодби, Виенски мешовит институт, Виена
• Летна школа за економија, организирана од Универзитетот Стафордшир, ОК, јуни 2000, Тирана, Албанија
• Школа за економија и финансии, ноември 1999 во Призрен, Косово (РИИНВЕСТ, Приштина)
• Летна школа за претприемништво, јуни 1999 во Охрид, Македонија (РИИНВЕСТ, Приштина)
• Деловно планирање, Мај 1999 во Тетово, Македонија (агенција за поддршка за претприемништво, Британски фонд за трансфер на знаење)
РАБОТНО ИСКУСТВО:
• Министер за одбрана во Владата на РМ, (јули 2011 – )
• Министер за економија во Владата на РМ, (август 2008 – јули 2011)
• Економист во Светска Банка во Косово (ноември 2007 – јули 2008)
• Министер за економија во Владата на РМ, (декември 2004 – јули 2006)
• Вицегувернер на Народна Банка на Република Македонија, РМ, (август 2003 – ноември 2004)
• Директор на Јавното претпријатие за аеродромски услуги Македонија, РМ, (ноември 2002 – август 2003)
• Истражувач во Дирекцијата за истражување во Народна Банка на Република Македонија, (мај 2001 - октомври 2002)
• Стручен соработник во Стопанска Банка а.д. Скопје, филијала во Тетово, РМ (јануари-јули 2000)
• Претседател на управен одбор на АМЕ-Асоцијација на модерна економија, Тетово, РМ (1999-2000)
ДРУГИ ПРОФЕСИОНАЛНИ АКТИВНОСТИ:
Меѓународни активности:
• Активен член на Форумот на млади глобални лидери, Светски економски форум, Женева (2010-)
• Претседавач со Енергетската заедница на југоисточна Европа, Виена (јануари-декември 2010)
• Вицегувернер (како министер за економија) на Р. Македонија во Одборот на гувернери на Европска банка за обнова и развој, Лондон, ОК (декември 2004-август 2006)
Академска дејност:
• Вонреден професор, постидпломски студии (напредна економија; одржлив развој), Универзитет на југоисточна Европа, Тетово, РМ (привремено: ноември 2008 - )
• Вонреден професор, постдипломски студии (меѓународни финансии), Универзитет на југоисточна Европа, Тетово, РМ (привремено: ноември 2010 - )
• Надворешен професорски персонал, курсеви за модерни науки (модерно банкарство), РИИНВЕСТ Универзитет, Приштина (привремено: декември 2007-јуни 2008)
• Член на Сенатот на Државен Универзитет на Тетово, РМ (мандат: септември 2004-октомври 2006)
• Професорски персонал на Економскиот факултет на Државниот Универзитет во Тетово, додипломски студии (пари и банкарство, меѓународна економија, економија), Тетово, РМ (привремено: декември 1998-септември 2006)
Политика:
• Координатор за подготовка на политичката изборната програма на Демократската унија за интеграција за Парламентарните избори 2011 во Р. Македонија насловена како „Платформа за обединување, развој и интеграција„ (Мај 2011)
• Секретар одговорен за Секретаријатот за економски развој на Демократската унија за интеграција (2009-)
• Раководител на економскиот совет на ДУИ: (2002-2006)
• Тим лидер за економската програма на ДУИ: 2004-2006)
Професионално членство:
• Член на Економскиот и социјален совет на Владата на Република Македонија (септември 2010-)
• Член на Економскиот совет на Владата на Република Македонија (ноември 2002-август 2006)
• Член на Советот за финансирање и развој на универзитетското образование на Република Македонија, (2003-2005)
Невладин сектор:
• Член на Одборот на АМЕ-асоцијација на модерна економија, Тетово, РМ (1999-2002)
• Член во МИА, македонска меѓуетничка асоцијација, промовирање на здравството и здравствено образование, Скопје, РМ (1996-1998)
Консултантски услуги:
• Консултант во канцеларијата на Светска Банка во Косово на состанокот на канцеларијата организиран во Грција (јуни 2007)
ПРОЕКТИ:
• Стратегија за интелектуална сопственост на Република Македонија, (Јануари 2009-): проект лидер како министер за економија
• Стратегија за туризам на Република Македонија 2009-2015, (август 2008-): проект лидер како министер за економија, министерство за економија на РМ, УНДП и Светска туристичка организација
• Стратегија за инудстриска политика и конкурентност на Република Македонија 2009-2020, (август 2008-март 2009): проект лидер како министер за економија
• Ревизија на стратегијата за енергетска ефикасност на Република Македонија, (март-јуни 2009): проект лидер како министер за економија
• Стратегија за обновлива енергија на Република Македонија, (јануари-мај 2009): проект лидер како министер за економија
• Стратегија за равој на енергетиката на Република Македонија до 2030,(август 2008-март 2009): проект лидер како министер за економија
• Стратегија за рудници на Република Македонија 2009-2029, (август 2008-февруари 2009): проект лидер како министер за економија
• Формирање на Меѓународната агенција за обновлива енергија (ИРЕНА), (Бон, јануари 26-27, 2009): потпишување на документ за формирање како шеф на делегација во име на Владата на Република Македонија
• Реформирање на енергетскиот сектор, реструктуирање на монополот на компанијата за електрична енергија и приватизација на компанијата за дистрибуција на електрична енергија (ЕСМ-дистрибуција) во Македонија, Проект на Владата на Р.македонија (декември 2004-март 2006): Проект лидер како министер за економија
• Реформа на деловното опкружување и институционално зајакнување (БЕРИС), Проект на Владата на Македонија, договор за заем со Светска Банка, (ноември 2005-август 2006): Проект координатор како министер за економија
• Економска програма за 2005-2006, Проект на Владата на македонија, (јануари-март 2005): Член на советодавниот совет
• Легализација на Универзитетот во Тетово (УТ), (трансформирање од незаконски Универзитет на Тетово до Државен Универзитет на Тетово), (2003-2004): Шеф на тимот за економски и финансиски прашања
• Реформа на јавниот сектор и намалување на сиромаштијата, Проект на Министерството за финансии, финансиран од Светска Банка, (2001): Истражувач како член на работна група
• Трговска иницијатива на Југо-источна Европа (SEETI), (февруари 2001): Член на Работна група на Р. Македонија
• Зголемување на конкуретноста во Југо-источна Европа, Проект на АМЕ, финансиран од УСАИД и Chesapeake Associates, Вашингтон (август 2000 – декември 2001), Член на Одборот за координација
• Развојна програма на Р.Македонија 1999-2003, Проект на Министерството за развој, (мај-декември 1999): Член на тимот за истражување
• Пазарен пристап за времена заштита на бегалците во Р.Македонија, Проект на АМЕ, финансиран од Институтот за отворено општество – Скопје, (јуни-октомври 1999): Член на тимот за истражување
МЕЃУНАРОДНИ ДОГОВОРИ:
• Меморандум за соработка за туризам помеѓу Република Македонија и Народна Република Кина (Скопје, 10 ноември, 2010)
• Договор за соработка за стандардизација, метрологија и потрошувачки права помеѓу Република Македонија и Украина (Киев: 4 ноември 2010)
• Меморандум за соработка за енергетика помеѓу Република Македонија и Република Косово (Скопје: 5 јули, 2010)
• Договор за економска соработка помеѓу Република Македонија и Република Косово (Приштина: 16 декември 2009)
• Договор за економска соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија (Скопје: 15 декември, 2008)
• Договор за соработка во областа на туризмот помеѓу Република Македонија и Црна Гора (Подгорица: декември, 2008)
• Протокол за енергетска соработка помеѓу Република Македонија и Република Албанија (Тирана: 16-20 мај, 2006)
• Договор за соработка во областа на туризмот помеѓу Република Македонија и Република Хрватска (Скопје: април, 2006)
• Договор за пристапување кон Централно Европскиот Договор за слободна трговија –ЦЕФТА (Скопје: февруари, 2006)
• Договор за соработка во областа на туризмот помеѓу Република Македонија и Република Албанија (Скопје: ноември, 2005)
• Договор за слободна трговија помеѓу Република Македонија и Република Србија и Црна Гора (Скопје: 21 октомври 2005)
• Договор за слободна трговија помеѓу Република Македонија и Република Косово (Приштина: 3 август 2005)
• Меморандум за соработка за Транс-Балканскиот нафтовод АМБО помеѓу Република Бугарија, Република Македонија и Република Албанија (Софија: 28 декември, 2004)
ПУБЛИКАЦИИ И РАБОТНИ ДОКУМЕНТИ:
Книги:
• Бесими, Фатмир (2009), “Монетарна и девизна политика во Македонија:Пристапување кон ЕУ’, Lambert Academic Publishing, Берлин, Германија
• ‘Трговски бариери, раст, инвестиции и конкуренција,Chesapeak Associates’, (ко-автор), Вашингтон ДЦ, (септември 2001)
Научни и стручни трудови:
• ‘Охридскиот Мировен договор и предизвиците на интеграцијата во Европската Унија: Конкурентна и интегрирана економија со еднакви можности‘, Меѓународна конференцеија, Охридскиот Рамковен Договор: Македонија кон членството во Европска Унија и НАТО, Скопје (21 јуни 2011)
• ‘Глобалната економска криза и предизвиците со кои се соочува Република Македонија, Crossroads: Весник на македонската надворешна политика, издание 2, бр.1, Скопје, РМ, (јуни-октомври 2009)
• ‘Механизам на монетарна трансмисија во Македонија: Импликации на монетарната политика’, Бесими Ф., Pugh G. и N. Adnett, Работен документ 02-2006, Центар за истражување на економиите во раст, IESR, Универзитет Стафордшајр, ОК, (јануари 2006)
• ‘Улогата на стабилноста на девизниот курс во мала и отворена економија: Случајот на Република Македонија’, Конференција за економските предизвици и перспективи на Р. Македонија, Македонска Академија на Науки и Уметности, Скопје, РМ, (септември 2004)
• ‘Макроекономска консолидација на Македонија по Охридскиот рамковен договор: Придонес за успешна Европска интеграција’, Конференција за пост-Охридска, Пред-Европска Македонија, организирана од Центарот за Југоисточни студии и Школата за Славјански и југоисточни студии на University College Лондон, (27 февруари 2004)
• ‘Сличност на инфлациониоте стапки како Мастришки критериум во споредба со различните нивоа на производен раст во земјите пристапнички’, Билтен 11-12/2003, Министерство за финансии на Република Македонија, (декември 2003)
• ‘Варијабилност на девизниот курс и меѓународната трговија: искуството на Република Македонија’, Економски истражувања IV/2003, Народна банка на Република Македонија, (декември 2003)
• ‘Трансмисиониот ефект на девизиниот курс врз монетарната стратегија на Народната банка на Република Македонија’, (ко-автор), Економски истражувања II/2003, Народна банка на Република Македонија, (јуни 2003)
• ‘Странски директни инвестиции во Република Македонија, Странски директни инвестиции во Косово’, RIINVEST истражувачки извештај, Приштина (септември 2002)
• ‘Претприемништвото во регионот на Тетово’, Економски институт за истражување RIINVEST, Приштина, Работилница за претприемништво и деловно планирање, Охрид, РМ, (јуни 1999)
Статии:
• ‘Енергетска заедница – пример за ЕУ интеграција’, EU Observer, http://euobserver.com/7/31604 (7 јануари, 2011)
• ‘7 И за развој на Македонија’, КАПИТАЛ-дневен весник за економија и политика, РМ, (31 декември 2011)
• ‘Западниот Балкан во ЕУ: Да се биде или не?’, EU Observer, http://euobserver.com/7/31459 (9 декември, 2010)
• ‘Политики, мерки и активности за зголемување на конкурентноста’, КАПИТАЛ – магазин за економија и политика, РМ, (април 2009)
• ‘Економска стабилност на Македонија за приклучување кон ЕУ’, ВАЛУТА – магазин за економија, РМ (бр. 7, септември 2007)
• ‘Еуро вовед во однос на теоријата за области на оптимална валута’, ВАЛУТА – магазин за економија, РМ (бр.6, септември 2007)
• ‘Комбинирани чекори’, ДНЕВНИК – дневен весник, РМ (28 април 2007)
• ‘Бројките говорат различно’, ФАКТИ – дневен весник, РМ (28 април 2007)
• ‘Нобелова награда за меѓугенерациска рамнотежа’, КАПИТАЛ- магазин за економија и политика, РМ, (9 ноември 2006)
• ‘Погрешни чекори: Дури и најдобрите економски програми или модели се осудени на неуспех ако се засноваат на погрешни претпоставки’, КАПИТАЛ- магазин за економија и политика, РМ, (5 октомври 2006)
• ‘Економски аспекти на кризата во Македонија’, ЛОБИ- неделник, РМ, (30 јули 2001)
• ‘Македонија- заложник на Балканските предрасуди од средниот век’, КОХА ДИТОРЕ –дневен весник, Косово (3 април 2001)
• ‘Меѓуетничката криза во Македонија: Меѓународниот фактор како релевантен фактор’, ФАКТИ – дневен весник, РМ, (3 април 2001)
• ‘Пост-воена обнова на Косово: Балканот треба да биде ослободен од синдромот на пристрасност’, ФАКТИ – дневен весник, РМ, (25 март 2000)
• ‘Трансформација на телекомуникациите’, Економија и Бизнис – месечен професионален магазин, РМ, (март 1999)
КОНФЕРЕНЦИИ, ОФИЦИЈАЛНИ ПОСЕТИ И СОСТАНОЦИ:
• Организација и активно учество на стотици меѓународни активности и иницијативи, конференции, семинари и работилници на теми од областа на економијата и политиката почнувајќи од 1990-та година.
• Како Министер за економија, член на високи државни делегации предводени од Премиерот на РМ и Претседателот на РМ, учество на билатерални официјални состаноци со Шефови на држави (Соединетите Држави, Турција, Албанија, Косово, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Украина, Чешка, Австрија, Бугарија, Босна и Херцеговина итн.) и меѓународни институции (Светска Банка, Меѓународен монетарен фонд, Светска трговска организација, Светски економски форум, ОН, УНДП, УНКТАД, итн.)
• Шеф на делегација како Министер за економија на билатерални официјални состаноци со министрите за економија, енергетика, индустрија и трговија на следните земји: Албанија, Австрија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Франција, Германија, Грција, Косово, Либија, Катар, Србија и Црна Гора, Словенија и Турција.
ОБЛАСТИ ОД ИНТЕРЕС:
• Економија, развој, економии во транзиција, економии во развој, меѓународна економија, монетарна економија, финансии и банкарство,
• Политика, меѓународна соработка, Евро-атлански интеграции (ЕУ, НАТО)