ФАТМИР БЕСИМИ
Министер за одбрана на
Република Македонија

Говори | Интервјуа
Биографија | Галерија

 

 


Регионален Тренинг Центар за Комуникации

 

 

 

Идеја за воспоставување на РТЦК

 

  • Регионалниот тренинг центар за комуникации (РТЦК) произлезе како резултат на интензивната и плодна соработка помеѓу министерствата за одбрана на Република Македонија и Швајцарската Конфедерација.
  • РТЦК беше свечено отворен во ноември 2005 година ( одлука за формирање на РТЦК донесена од Влада на РМ во февруари 2005).
  • Од 2006 година започна со организирање на работилници за обука на кадри од областа на односите со јавноста од Министерствата и армиите на земјите од А3( Република Албанија, Република Хрватска и Република Македонија).
  • Од 2007 година во процесот на обука беа вклучени и останатите ПзМ земји од регионот како што се Република Србија, Република Црна Гора и Босна и Херцеговина, со тенденција за понатамошно проширување на опсегот на вклучени земји од регионот на ЈИЕ .
  • Од 2010 година РТЦК е дел од Секторот за човечки ресурси при Министерството за одбрана .

 

Потреба од РТЦК

  • Потребата од формирањето на ваков центар се јави како резултат на напорите да се достигнат стандардите на модерните општества од сферата на одбраната и односите со јавноста преку интензивната едукација на персоналот на министерствата за одбрана и армискиот кадар од армиите на земјите од регионот на полето на односите со јавноста.

Едукација на инструкторскиот тим на РТЦК

  • Во периодот 2004-2006 година под покровителство на Центарот за комуникации и информации на Швајцарската армија(ЦИКА) преку програмата˝Обучувај го обучувачот˝ беа обучени 9 инструктори за изведување на наставата во РТЦК ( 3 од Македонија, 4 од Хрватска и 2 од Албанија). На овој принцип за потребите на инструкторите во РТЦК беа организирани три работилници и тоа во Берн 2004 година, Загреб 2005 година, додека финалната трета работилница се одржа во РТЦК во септември 2006 година.
  • Во периодот 2009/2011 година како резултат на соработката со министерството за одбрана на Кралството Норвешка отпочна со реализација циклус од пет нивоа на работилници „ Обучувај го обучувачот“ чија цел е зголемување на бројот на домашни и странски инструктори во РТЦК. Овие работилници се изведувани во соработка со експрети од областа на односите со јавноста од Кралството Норвешка. Петтата и финална работилница беше одржана во март 2011 година кога се изврши и сертификација на 14 нови медиа инструктори (4 од Република Србија, 3 од Република Хрватска, 2 од Босна и Херцеговина и 5 од Република Македонија).

Сместувачки и работни капацитети на РТЦК

  • Во рамките на РТЦК во делот на работните капацитети постојат 3 кабинети за практична работа ( полупрофесионлано ТВ студио, компјутерска училница и кабинет за теоретска настава) како и Аудиториум од 120м2 со опрема за симултан превод. Техничкото опремување на кабинетите беше значително подобрено со помош на донација од Кралството Норвешка ( 2010 година).
  • РТЦК располага и со сопствени сместувачки капацитети со што се овозможува интернатско сместување на курсистите од земјава и странство. Сместувачките капацитети како и работните се опремени со мебел со помош на донацијата од Кралството Холандија.

Обука

Во Регионалниот тренинг центар за комуникации се одржуваат курсеви за обука како на кадрите од составот на АРМ, МО и останатиот персонал од државната администрација кој работи на полето на односите со јавноста, така и на армиските кадри и персоналот на МО на останатите земји од регионот (Албанија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора). Наставата се одвива низ теоретски интерактивни предавања и вежби од областа на комуникациските вештини, а посебно внимание се посветува на практичната работа пред камера и радио, како и подготовка, организација и одржување на прес конференции.

Работен јазик

За време на меѓународните курсеви , работен јазик во центарот е англискиот, додека за време на одржување на домашните курсеви, работен јазик е македонскиот.

Преглед на реализирани работилници во периодот 2006-2011