ФАТМИР БЕСИМИ
Министер за одбрана на
Република Македонија

Говори | Интервјуа
Биографија | Галерија

 

 


Трага: АРМ>Мисии>UNIFIL

Учество на Република Македонија во мировната операција на Обединетите Нации во Либан, УНИФИЛ

Безбедноста и проспертитетот во глобални рамки се повеќе зависат од ефективниот мултилатерален систем.Стратегиското партнерство со Организацијата на Обединетите Нации, чија Повелба претставува фундаментална рамка на меѓународните односи, се приоритет на Европската Унија и НАТО на меѓународната безбедносна сцена. Оттаму, придонесот на Република Македонија и во воениот дел кон мисиите предводени од Организацијата на Обединетите Нации претставува потврда на ефективното членство на Република Македонија во Организацијата како и на нејзините стратегиски определби.

Република Македонија во мај 2007 година го започна своето учество во мировната операција предводена од Организацијата на Обединетите Нации во Либан, УНИФИЛ, со еден припадник на Армијата на Република Македонија на место Штабен офицер во Здружениот оперативен центар во Либан.

Декларираниот придонес на Република Македонија со штабен офицер се реализираше со донесување на Одлука од страна на Собранието на Република Македонија на 27 април 2007 година. Одлуката беше спроведена на ден 16 мај 2007 година.

На 01 јуни 2008 година, Република Македонија го продолжи придонесот кон мировната операција УНИФИЛ во Либан, со испраќање на нов штабен офицер, што претставува прва ротација на македонски персонал во рамките на операцијата УНИФИЛ. Мандатот трае една година и треба да заврши во јуни 2009 година.

Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата на Република Македонија проценуваат дека постои капацитет за продолжување на воениот придонес кон мисијата на Обединетите Нации UNIFIL, во Либан, и во 2009 и 2010 година. Продолжувањето на придонесот на Република Македонија кон ефективниот мултилатеризам ќе претставува уште една потврда на стекнатите искуства во меѓународно окружување, како и политичка манифестација на стратегиските определби на Република Македонија.